Македонски игри со зборови — играј сам или повикај пријател.
Што е ова
АЈДЕ! е збирка игри со зборови на македонски јазик: Бесилка, Асоцијации и Брза Географија. Може да се игра сам — една игра или сите три по ред — или онлајн против пријател, секој од својот телефон.
Играта е направена на македонски од почеток — не е преведена. Сите зборови, асоцијации и категории се избрани за публика што зборува македонски.
Без регистрација
Не ти треба сметка за да играш. Отвораш и играш.
Единствено за дуелите уредот добива анонимен идентификатор, за да знаеме кој во собата е кој. Тој не содржи име, е-пошта ниту телефон.
Речникот расте
Речникот за Брза Географија намерно не е целосен. Кога ќе напишеш валиден збор што го нема во него, противникот може да го потврди, и по десет потврди од различни играчи зборот се додава засекогаш.
Значи играта станува подобра додека се игра, без ние да додаваме зборови рачно.
Реклами
Играта е бесплатна и се одржува од реклами. Половина од рекламните места се за локални бизниси, поставени директно од нас — без колачиња и без следење.
Ако сакаш твојот бизнис да се рекламира овде, пиши ни.