Ажурирано: 2026-10-08
АЈДЕ! е игра со зборови на македонски јазик. Оваа политика објаснува кои податоци ги собираме, зошто и што можеш да побараш од нас.
Кој е одговорен
За податоците обработени преку оваа страница одговара тимот на АЈДЕ!. За сите прашања пиши ни на kontakt@ajdedaigrame.mk.
Сметка без регистрација
Можеш да играш без да се регистрираш. За да функционираат дуелите, уредот добива анонимен идентификатор од Supabase, нашиот сервер за податоци. Тој идентификатор не содржи твое име, е-пошта или телефон.
Ако внесеш име за приказ, тоа го гледаат само играчите во истата соба.
Ако сакаш, можеш да се најавиш со е-пошта или со Google за да го користиш истиот профил на повеќе уреди. Тогаш Supabase ја чува твојата е-пошта, а при најава со Google и името и сликата на профилот што ги праќа Google. Ги користиме само за најава.
Податоци од играта
Кога играш дуел, на серверот се чуваат кодот на собата, резултатите по игра, времето и твоите одговори од рундата. Тоа е потребно за да им се прикаже иста табела на сите играчи.
Кога потврдуваш збор што го нема во речникот, ја зачувуваме потврдата за да може зборот подоцна да биде прифатен за сите.
Кога играш сам — една игра или сите по ред — сè се одвива на твојот уред и ништо не се испраќа.
Што останува на твојот уред
Поставките и статистиката се чуваат локално. Тие не се испраќаат на нашите сервери, а бришењето на податоците на прелистувачот ги отстранува.
Реклами
Рекламите на страницата ги прикажува рекламната мрежа Adsterra. Нивните скрипти ја гледаат твојата IP-адреса и прелистувачот и може да користат колачиња за да прикажат и бројат реклами. Реклами никогаш не се прикажуваат додека играш.
Рекламите што ги поставуваме директно ние, за локални бизниси, се само слика, текст и линк, без колачиња и без следење.
Ако сакаш да рекламираш на АЈДЕ!, пиши ни на kontakt@ajdedaigrame.mk.
Основ за обработка
Податоците од дуелите ги обработуваме за да ја оствариме услугата што си ја побарал.
Со кого ги споделуваме
Не продаваме податоци. Користиме Supabase за чување, Cloudflare за послужување на страницата и Adsterra за реклами.
Cloudflare Web Analytics брои посети на страниците без колачиња и без да те следи или препознава.
Ако се најавиш со Google, најавата ја врши Google.
Колку долго ги чуваме
Собите, заедно со резултатите и одговорите во нив, се бришат автоматски: најдоцна еден ден по создавањето, а соба во која не почнал дуел — по два часа.
Потврдите за зборови се чуваат трајно бидејќи го градат заедничкиот речник, но не содржат ништо лично освен анонимниот идентификатор.
Најавата со е-пошта или Google ја чуваме додека не побараш да ја избришеме.
Твои права
Можеш да побараш копија од податоците поврзани со твојот анонимен идентификатор или нивно бришење. Пиши на kontakt@ajdedaigrame.mk и приложи го идентификаторот од екранот Профил.
Деца
Играта е наменета за општа публика. Не бараме и свесно не собираме податоци од деца под 13 години. Ако сметаш дека дете ни испратило податоци, пиши ни и ќе ги избришеме.
Измени
Ако ја смениме оваа политика, го менуваме и датумот на врвот. Значајните измени ќе ги најавиме во самата игра.